ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ според новата анкета на „Habeas Corpus“

ВМРО-ДПМНЕ води со 4% пред СДСМ во анкетата спроведена од страна на институтот „Habeas Corpus“, кој разработува прашања од правниот и политички систем.

Анкетата на јавното мислење е спроведена врз стратификуван примерок од 1.203 испитаници во периодот од 29 јуни до 3 јули 2020 година.

На прашањето „За која политичка партија би гласале на изборите на 15 јули?“, 16.8% од испитаниците одговориле за коалицијата СДСМ/Беса, додека 20.8% од нив се изјасниле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Институтот изврши мерење на рејтинзите на носителите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и мечирање на вредностите на тие два политички блока по изборни едници.

При тоа, резултатите покажуваат дека носителите на кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ водат во пет изборни единици пред кандидатите од коалицијата „Можеме“ на СДСМ и Беса.

Резултати по изборни единици:

Од Институтот наведуваат дека при истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија.

Резултатите се со можност за грешка +-2.

Нарачател на истата е Институтот „Habeas Corpus“ и резултатите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа.