Анкета: ВМРО-ДПМНЕ има водство од 4 отсто пред СДСМ/БЕСА

Опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ има предност од 4 отсто пред коалицијата на владејачката партија СДСМ и движењето БЕСА, покажуваат резултатите од социолошкото истражување спроведено од институтот  Habeas Corpus, објавени во четвртокот.

Во истражувањето, како што се наведува во анкетат, на целата популација, ВМРО-ДПМНЕ има 20,8 отсто доверба на гласачите, додека СДСМ/БЕСА добила поддршка од 18,6 отсто од испитаниците.

За ДУИ би гласале 4,9 отсто, а следи Алијансата на Албанците (во коалиција со Алтернатива) со 2,7 отсто додверба. Другите партии во ова истражување добиле 0,9 отсто.

Висок процент од 22,2 отсто од испитаниците се изјасниле дека нема да гласаат за ниедна партија. Не сакале да се изјаснат, исто така, високи 17,8 отсто, додека немале одговор 13,9 проценти.

Разликата од четири процентни поени во полза на опозициската партија се отсликува горе-долу и во рејтинзите на носителите на кандидатските листи во шесте изборни единици на двете најголеми политички групации во земјата.

 

Институтот кој разработува прашања од правниот и политички систем направи анкета на јавното мислење врз стратификуван примерок од 1.203 испитаници во периодот од 29-ти јуни до 3-ти јули 2020 година.

При истражувањето се водеше сметка на етнографската карта, демографската застапеност, полот и возраста на испитаниците. Воедно се водеше сметка и при влезот на анкетниот прашалник и резултатите од последните парламентарни избори. Анкетата се спроведе телефонски со употреба на фиксната и мобилна телефонија. Резултатите се со можност за грешка +-2. А нарачател на истата е Институтот “Habeas Corpus” и истите се користат за потребите на интерните истражувања од политичка и социолошка природа.

Резултатите од истражувањето се следни:

 

Институтот изврши мерење на рејтинзите на носителите на двете најголеми политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и мечирање на вредностите на тие два политички блока по изборни едници: