Ериксон: Јас сигурно ќе добиев отказ

Поранешниот селектор на Англија, искусниот шведски стручњак, Свен Горан-Ериксон е убеден дека поради очајните резултати, актуелниот предводник на „Гордиот Албион”, Рои Хоџсон дефинитвно ќе добиеше отказ доколку по потекло не беше од Англија.

„Ако Рој Хоџсон беше странски селектор на клупата на Англија и направеше ваков неуспех на мундијалот, веднаш ќе добиеше отказ. Меѓутоа, сега ситуацијата со него е многу поинаква, федерацијата застанува зад него. Знам од сопствениот пример, доколку сега јас бев на кормилото на Англија, веднаш ќе ме избркаа. Истиот пример го имаше и Фабио Капело. Но, Хоџсон очигледно добива попуст“, изјави Свен Горан Ериксон.