Дурловски за противкандидатот: Јас сум сè, што таа не е

Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица број 5, Игор Дурловски во гостување на една од локалните телевизии, на прашање на новинарот во врска со тоа што Дурловски не можеше да се сети на тоа со која локација е поврзан автопатот од Битола, рече дека тој е сè, што таа не е, алудирајќи на противкандидатот од СДСМ и носител во петката, Радмила Шекеринска.

„Ми се случи лапсуз. Морам да признаам дека во тие 10-12 секунди, кои мене ми се видоа многу долги, може да се слушне многу повеќе суштина отколку еден час зборување на моите политички противници каде што кажуваат само лаги, манипулации, невистини и лажни ветувања“, изјави Дурловски.