Нивните главни „силни“ страни се тоа што брзо се подготвуваат, имаат одличен вкус и се многу хранливи.
За моментите кога ќе се појават ненајавени гости или кога немате желба да поминете часови и часови во кујната, испробајте некој од следните рецепти:
Крцкав сендвич
Потребни состојки:
- 2 јајца
- 4 парчиња леб
- 50g путер
- 4 големи парчиња сирење
- 2 големи парчиња шунка
- 2 листови од зелена салата
- Сол, бибер, некои омилени зачини
Подготовка:
1. Намачкајте ги парчињата леб со малку путер и испржете ги од двете страни на тава. Тргнете две парчиња од тавата – тие ќе ви бидат потребни подоцна.
2. Ставете по едно парче сирење на останатите 2 парчиња леб и покријте ја тавата. Печете додека не се стопи сирењето.
3. Врз сирењето ставете парче шунка, па уште едно парче сирење и на крај покријте со кришките леб кои претходно ги тргнавте настрана.
4. Покријте ја тавата и печете околу 30 секунди. Извадете го сендвичот од тавата и кога ќе се излади малку, додадете по еден лист зелена салата.
Мафини од јајца
Потребни состојки:
- 12 -15 јајца
- 200g рендан кашкавал
- 50g кромид
- 200g зеленчук по ваш избор; домати, пиперки, тиквички, брокула.
- 200g шунка, колбаси или варено месо.
- маслиново масло
- сол и црн пипер
- 1 лажица од вашите омилени зачини
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 190°C. Премачкајте го со масло калапот за мафини.
2. Исечете го ситно зеленчукот и пржете во тава сè додека не добие златно-кафеава боја.
3. Исечете го месото на мали коцки.
4. Ставете дел од месото на дното од калапот, а остатокот измешајте го со зеленчукот и додадете сирење и млад кромид. Дополнете го калапот со оваа смеса некаде околу 2/3.
5. Јајцата изматете ги со вилушка и додадете им ги вашите омилени зачини како и сол и црн пипер.
6. Внимателно ставете од матените јајца во секој отвор на калапот. Можете и нежно да ги промешате сите состојки со вилушка.
7. Печете ги мафините околу 15 минути. Треба да се подигнат и да добијат кафеава боја.
Печено јајце во авокадо
Потребни состојки:
- 4 големи јајца
- 2 зрели авокада
- маслиново масло
- сол, бибер и некои од вашите омилени зачини
Подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200°C.
2. Пресечете ги авокадата на пола и извадете ги семките. Со помош на лажица издлабете го авокадото за да направите простор за јајцето.
3. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во издлабените авокада. Додадете сол, црн пипер и некои од вашите омилени зачини.
4. Ставете ги авокадата во рерна и печете 15 минути, или онолку колку што сакате јајцето да ви биде испечено.