Започнаа уписите во средните училишта, слободни 35.195 места

Денеска и утре во јавните средни училишта е првото пријавување за упис во прва година во учебната 2014/2015 година.

Слободни места во средните училишта во Република Македонија има 35.195 според Конкурсот на Министерството за образование и наука (МОН). Резултатите од првото пријавување ќе бидат објавени на 25 јуни.

Второт пријавување е на 30 јуни и први јули, а третиот упис е закажан за 21 март.

Новина во Конкурсот се 13-те реформирани струки за тригодишно средно образование кои МОН ги креираше заедно со Европската Унија.

Во овој Конкурс отворени се и компленто нови медицински паралелки во Гостивар и Охрид, а во огласот беа објавени и седумте паралелки за дисперзирани одделенија во спортската гимназија.