Гризмaн еден месец надвор од терените

Францускиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Антоан Гризман, има повреда на квадрицепсот на десната нога во дуелот на 36-то коло од шпанската лига притив Вајадолид и ќе ги пропушти последните две кола од првенството, како и реванш натпреварот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Наполи, соопшти во неделата каталонскиот клуб.

„Со прегледот кој е извршен во неделата утрото е утврдено дека Антоан Гризман претрпил повреда на мускулот на кавдрицепсот во десната нога“, се наведува во објавата на медиумите на Барселона.

Гризман го одигра првото полувреме на гостувањето кај Вајадолид, а во соблекувалната од тренерот Кике Сетиен побарал да биде заменет поради болки во десниот натколеничен мускул.

Барселона со победата остана во трката со Реал Мадрид за титулата во Шпанија, во којашто заостанува еден бод зад најголемиот ривал кој доправа треба да го одигра дуелот од 36-то коло.

До крајот на првенството на Барселона ѝ преостанаа уште два натпревара: на 16-ти јули на „Камп Ноу“ ќе ја прими Осасуна, а на 19-ти јули ќе гостува кај Алавес.

Освен овие два натпревара, Гризман ќе ги пропушти и реваншот од осминафинелето во Лигата на шампионите во кој Барелона на 8-ми август го пречекува Наполи. Првиот дуел во Неапол заврши 1:1 па на Каталонците за поминување ќе им биде потребен и нерешен резултат без голови, или минимална победа.

Доколку Барселона се квалификува во четвртфиналето во полуфиналето веројатно ќе се сретне со Баерн, кој во Минхен треба да ја одбрани предноста со 3:0 од првиот дуел од осминафилането против Челзи.