95% од пријавените за гласање во изолација и позитивни на коронавирус го искористиле правото на глас

Денеска во Македонија се спроведе првото гласање за претстојните предвремени парламентарни избори на лицата кои се заболени од коронавирус и лицата кои се во самоизолација.

На последната прес конференција од Државната изборна комисија посочија дека за денеска биле утврдени 759 лица кои имале право на глас од своите домови, додека пак тоа право го искористиле 723 лица.