Утринскиот висок одѕив во пракса значи промена

Според процентот што го соопшти Државната изборна комисија (ДИК), до 9 часот гласале 5,19 отсто од гласачите, е добар гласачки одѕив.

На претседателските избори минатата година во првиот круг до 10 часот излезноста била 6,05 отсто. Во 2017 година на локалните избори во 9 часот излезеноста на електоратот била 8,91% а за предвремените парламентарни избори во 2016 година излезеноста во 9 часот била 9,49%.

Додека во 2014 година за предвремените парламентарни избори излезноста е 9,92 проценти, додека за вториот круг од претседателските избори тој процент е 8,76 проценти, но до 10 часот.

По обичај кога има голем одѕив се случуваат промени. Така беше на претседателските избори минатата година, па на локалните избори во 2017 година и на предвремените параламентарни избори во 2016 година. Од оваа тенденција отстапуваат предвремените парламентарни избори во 2014 година.

Ако се вратиме наназад, истото се случуваше и во 2006, 2002 и 1998 година, при што доаѓаше до промена на власта.

Од една страна е партиската моривираност нивното членство да излезе што е можно порано, а, од друга, мотивираноста да се казни политичката гранитура на власт, како што покажуваат сите анализи за мотивираност за гласање во досегашните изборни циклуси.

Ако се задржи оваа тенденција, вечерва ќе биде интересно да се следат резултатите