
Во изминатите години владата во неколку наврати ги намалуваше државните пензии за пензискиот систем да биде одржлив, пишува Ројтерс.
Илјадници пензионери чии пензии беа намалени и до 50 отсто поднесоа судски тужби, а највисокиот управен суд пресуди дека некои намалувања во 2015 и 2016 година не биле во согласност со законот. Објавеното сиже на пресудата не содржи детали.
Државниот совет во сижето не прецизира дали се однесува пресудата само на пензионерите што поднеле судски тужби или на сите 2,5 милиони пензионери чии пензии биле намалени.
Трошокот на поврат на незаконски намалените пензии би можел да достигне до три милијарди евра, вели експертот за работни односи Костас Бурлос.
„Мора прво да ги видиме сите детали на одлуката, тогаш ќе одлучиме каква ќе биде нашата стратегија“, изјави за Ројтерс неименуван извор од грчката влада.
Грчката економија ќе се намали годинава поради пандемијата на ковид-19 од 7,5 до 10,5 отсто. За 10 годишната криза се намали за четврт, пишува Ројтерс.