Во последното деноноќие во Албанија како последица од Ковид-19 починале четири лица, меѓу нив и 21-годишна девојка,што е најмладо починато лице од опасниот вирус до сега,информираше Министертвото за здравство и социјална заштита.
Таа била хоспитализирана на Инфективната клиника,пред неколку дена, но состојбата веднаш и се влошила. И покрај максималните напори на медицинскиот персонал, младата жена не успеала да преживее.Останатите тројца се на возраст од 49 ,56 и 67- годишна возраст.
-Во текот на изминатите 24 часа, извршени се 361 тест при што кај 85 е добиен позитивен резултат,најмногу од нив или 44 се во Тирана,со што вкупната бројка на заразени сега изнесува 3.752 лица.Во исто време оздравени се 29 пациенти или вкупно 2.091лице,стои во соопштението на Министерството.
Се додава дека битката со опасниот вирус до сега ја загубиле 101 лице, а активни на болеста се 1.560,од нив 88 се хоспитализирани во Инфективната клиника,од нив дваесеттина се во сериозна здравствена состојба.
Министерката за здравство Огерта Манастирлиу вчера попладне соопшти дека во Албанија носењето заштитни маски во затворени простории,како и во јавен превоз или активности со висок ризик,стана задолжително.
-За оние кои нема да ја почитуваат оваа мерка следуваат парични казни. Здравјето нема цена,посочи Манастрилиу.
Во меѓувреме во Албанија веќе се подготвуваат три здравстевни установи да бидат болница – Ковид два,три и четири.