Во Кичево се создаде тензична состојба денес на денот на изборите. Блерим Ахмеди, братот на Ел Чека, вели дека „банди на ДУИ“ го претепале неговиот татко, Мустафа Ахмеди. Ахмеди вели дека случајот се случил околу 12:30 часот, јавува Лајмпресс.орг.
„Бандитот на ДУИ, Ибрахим Коцја по наредба на Али Амети го нападна мојот татко“, напиша Ахмеди на Фејсбук. Тој за Лајм изјави дека неговиот татко во моментов е во кичевската болница и не е во можност да разговара со медиумите. Случајот е пријавен и во кичевската полиција. На фотографијата објавена на ФБ се гледаат и повреди на лицето на господинот Муатафа Ахмеди. Во моментов нема официјална реакција од ДУИ во врска со инцидентот.