Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, им соопшти на своите сограѓани кога ќе имааат вакцина против коронавирусот.
„Имам да ви соопштам една важна вест. Во преговори сме со една земја која ја заврши вакцината за корона. Вакцината ќе ја имаме до крајот на годината“, истакна српскиот претседател.
Според него, таа земја ја завршила вакцината против короната, исто така го завршика и тестирањето.
„Можеме да ја добиеме, ќе биде на крајот на годината, тоа е важна вест. Ситуацијата во Србија не е сјајна, но е подобра отколку во другите земји“, рече Вучиќ.