
Русија во мај дополнително ги намалила вложувањата во американските државно обврзници од 6,85 на 5,39 милијарди американски долари, продолжувајќи да ја намалува изложеноста кон јавниот долг на САД.
Кон крајот на мај, вредноста на долгорочните американски државни обврзници во руска сопственост изнесувала 3,75 милијарди долари наместо 4,01 милијарди долари еден месец претходно, додека краткорочните обврзници паднале од 2,83 на 1,63 милијарди долари.
Од пролетта 2018 година Русија започна со острото намалување на вложувањата во американскиот јавен долг. Во април таа година ги намали од 96 на 48,7 милијарди долари, а во мај на 14,9 милијарди долари. Во август 2019 година руските вложувања во американски државни хартии од вредност изнесуваа 9,3 милијарди долари.
Во март годинава Руската Федерација за повеќе од трипати го намали обемот на вложувањата во американските државни хартии од вредност во споредба со февруари или од 12,56 на 3,85 милијарди долари. Потоа во април повторно ги зголеми на 6,85 милијарди долари благодарејќи на инвестициите во краткорочните обврзници.
Јапонија во мај останала најголемиот сопственик на американските државни хартии од вредност со 1,26 билиони долари. Второто место го држи Кина со 1,08 билиони долари.