
Познатата македонска актерката Јелена Јованова пред еден месец стана мајка, на свет го донесе синот Јаков. Јованова, најпозната по улогата Јелена од Драчево во хит-серијата „Преспав“, својот приватен живот го чува далеку од очите на јавноста, па така и својата бременост ја држеше во тајност.
Убавата Јелена вчера првпат сподели фотографија на инстаграм-стори од нејзиниот син Јаков и ги изненади своите следбеници.
Јелена е пет години во брак со хрватскиот актер Стјепан Периќ, со кого живее во Загреб.