Речиси четири милиони луѓе во североисточната сојузна индиска држава Асам и во соседен Непал се раселени поради поплавите предизвикани од монсунските дождови, а бројот на загинатите се зголемил на најмалку 189 со десетици изчезнати, соопштија властите во неделата.
Поради обилните дождови се излеала реката Брамапутра, која тече низ кинески Тибер, Индија и Бангладеш, уништила посеви и предизвикала одрони на земјиштето, поради што милиони луѓе биле присилени да ги напуштат своите домови.
Повеќе од 2,75 милиони луѓе во Асам се раселени од крајот на мај поради трите брана поплави во кои загинале 79 лица, а уште два смртни случаи се пријавени изминатата ноќ, соопштил претставник на владата на оваа индиска држава.
„Состојбата со поплавите и натаму е критична, бидејќи водостојот на повеќето реки е над опасните нивоа“, изјави за Reuters министерот за водни ресурси на Асам, Кешаб Маханта.
Државата Асам е соочена со двоен предизвик, со борбата со поплавите и со епидемијата на коронавирусот. Од 33 окрузи, 25 се погодени од последниот бран поплави кој започна пред две седмици. Во Индија, пак, со коронавирусот се заразени речиси 1,1 милион луѓе, а како последици од болеста која ја предизвикува починале 26.816 луѓе, според владините податоци од неделата.
Во соседен Непал владата во неделата побара од населението во јужните рамничарски области да биде подготвено, бидејќи се очекуваат големи монсунски дождови.
Во Непал од јуни во поплавите и одроните на земјата загинале 110 лица, а уште стотици се повредени, а каливите и водени порои носеле куќи, уништувале патишта и мостови, соопшти полицијата. Евакуацијата на населението е изведена во 26 од 77 окрузи.
Функционер во непалското министерство за внатрешни работи Мурари Васти изјавил дека очекува дека бројот на смртните случаи ќе биде поголем, бидејќи уште 48 лица се водат како исчезнати.
Барун Паудел од метеоролопшката служба во главниот град Катманду изјавил дека се очекува дека со обилните врнежи ќе биде зафатен поголем дел од земјата во следните четири дена. Додал дека апелирале до населението да биде внимателно поради можните одрони и поплави.
Одроните на земјиштето и поплавите се вообичаени во Непал, и индиските држави Асам и Бихару во текот на дождовната сезина од јуни до септември.