Аква паркот во „Борис Трајковски“ нема да се отвори оваа сезона

Аква паркот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје оваа сезона нема да се отвори, соопштија оттаму.

„Ве известуваме дека и покрај нашата голема желба и разгледување на сите можности за работа на Аква паркот во соработка со Комисијата за заразни болести, со оглед на моменталната состојба со корона вирусот, а со цел превенција од понатамошно ширење на истиот, донесена е одлука Аква паркот оваа сезона да не се отвори. Останете во добро здравје, се гледаме наредната година“, велат од СЦ „Борис Трајковски“.