Поранешен романски министер осуден за корупција

Суд во Романија го осуди во вторникот поранешниот министер за финансии Дариус Валцов на шест и пол години затвор поради земање мито во замена за политичко влијание при доделување тендери.

Четириесет и тригодишниот Валцов беше министер за финансии во периодот 2014 и 2015 година во владата на премиерот Виктор Понта, а подоцна беше економски советник на социјалдемократската влада и автор на бројни контроверзни даночни закони.

Во текот на процесот Валцов ги отфрлаше сите обвиненија. Пресудата сѐ уште не е правосилна и тој има право на жалба.

Во 2018 година Валцов беше осуден во одвоен судски процес на осум години затвор поради два случаи на перње пари. Двата случаи се поврзани со одобрување јавни договори додека Валцов бил градиначалник на Слатина, на југот од земјата во периодот од 2004 до 2012 година.