
Во тек е заседавање на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. На седницата, како што брифираат извори од партијата, станало збор и за можните комбинаторики за идно коалицирање.
Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ едногласно го овластило лидерот Христијан Mицкоски да преговара за идно коалицирање и обезбедување на мнозинство.
Мицкоски во обраќањето, пред членовите на ЦК изјавил дека ќе направи сѐ што е во негова моќ за да обезбеди мнозинство за состав на новата Влада, но не власт по секоја цена.
„Црвените линии се нашите принципи и вредности во кои веруваме и врз кои почива идејата на ВМРО-ДПМНЕ и современата македонска држава“, рекол Мицкоски што било поздравено со громогласен аплауз.
Расправата продолжува дискутирајќи по повеќе точки од дневниот ред.