![svr ohrid](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/svr-ohrid.jpg?resize=630%2C411&ssl=1)
Охриѓанка го напуштила своето 11-годишно неподвижно дете. Таа го оставила детето само во куќата во која живееле, без храна и надзор.
Според информациите на СВР-Охрид, вчера во полиција телефонски било дојавено дека 39-годишна охриѓанка, во својот дом на улицата „Питу Гули“, без никаква грижа, храна и надзор, го оставила својот 11-годишен син кој бил неподвижен.
Центарот за социјални грижи и Црвениот крст од Охрид преземаат мерки за пронаоѓање на згрижувачко семејство, а на детето му е дадена соодветна помош. Против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.