
Во изминатите 24 часа во Франција се регистрирани уште 998 случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 178.336.
Министерството за здравство соопшти дека бројот на загинати се зголемил на 30.177 во однос на евидентираните 30.165 претходниот ден.
Податоците исто така покажуваат дека бројот на заразени со коронавирус се спуштил на 6.366 денес, наспроти 6.482 претходниот ден, како и дека е намален бројот на пациенти на интензивна нега, пренесува Ројтерс.