Тепачка за бизнисот со домеини – милијарди долари во игра

GoDaddy објави извештај во кој се наведува дека вредноста им е зголемана за 100 милиони долари преку продажбана акции. Според извештаите оваа фирма е најголемата фирма во светот за регистрација на домеини. Тие имаат 57 милиони домеини кои ги менаџираат, а на крајот на минатата година заработиле 1,1 милијарди долари, пишува Би-Би-Си.

По објавувањето на овие извештаи, најави за формирање на ваков сервис има и од „Гугл“, кој е еден од најпопуларните пребарувачи во светот, преку соработка со четири фирми кои се специјализирани во оваа област – Squarepeace, Wix, Weebly и Shopify. Побарувачката за регистрација на домеини е во постојан пораст и скоро секој од деловниот свет сака да биде присутен на интернет.