Зоран Заев и СДСМ системски ја уништуваат економијата во Македонија, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев и СДСМ само лажат. Ветуваа 500 евра плата, а ветуваа и раст на БДП годишно од 5-7. Не само што нема ништо, туку и бројките говорат дека просечната плата е далеку од ветените 500 евра, а економскиот раст постои само во сонот на Заев. Јавниот долг за три години надмина 5 милијарди евра, а само оваа година заради лошиот менаџмент буџетската дупка ќе изнесува една милијарда евра. Корона кризата само ја покажа дополнително неспособноста на Заев и владата предводена од СДСМ. Прометот во индустријата во првите пет месеци од годинава е намален за 20 отсто во однос на лани, индустриското производство е намалено за 14,6 отсто, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека за три години граѓаните видоа само како Заев краде, граѓаните видоа само корупција и криминал, полни чанти со пари за Заев и пријателите од рекет.
-Македонија со Заев и СДСМ само тоне. Граѓаните и Македонија заслужуваат подобро. Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има, стои во нивното соопштение до јавноста.