Кина го возвраќа ударот, нареди затворање на американскиот конзулат во Ченгду

Кина во петокот им нареди на САД да го затворат својот конзулат во градот Ченгдун, како одговор на америкаскиот потег да го затвори кинескиот конзулат во Хјустон.

Кина предупреди дека ќе го повлече овој потег, откако доби рок од 72 часа, до петокот, да ги испразни својот конзулат во Хјустон и го повика Вашингтон добро да размисли за својата одлука. Како што пишува во петокот кинескиот весник на англиски јазик The Global Times, и Кина на САД им дала рок од 72 часа да го испразнат конзулатот во југозападниот град Ченгду.

Одлуката на Пекинг ја потврдува драматичната ескалација на тензиите меѓу двете најголеми светски економии по обвинувањата за кинска шпионажа во САД и повикот на американскиот државен секретар Мајк Помпео на формирање глобална коалиција против Кина.

Кинеската амбасада во САД потекот на затворањето на конзулатот во Хјустон го оцени како „политичка провокација“ и го повика Вашингтон веднаш да ја повлече одлуката.

„Потегот на САД сериозно го наруши меѓународниот поредок, основните норми на меѓународните односи и условите од кинеско-американската конзуларна конвенција,. Зналителни им наптети на кинеско-американските односи“, објави кинеското министерство за ндворешни работи.

„Кинеското министерство за надворешни работи ја информираше американската амбасада во Кина за својата одлука да ја повлече својата согласност за воспоставување и делување на генералниот американски конзулат во Ченгду“, се додава.

Американскиот Стејт департмент и амбасадата на САД во Пекинг засега не излегоа со официјални реакции.

Од почетокот на годинава дојде до значителни влошување на односите меѓу САД и Кина поради низа причини, од трговјиата и технологијата до пандемијата на коронавирусот, кинеското полагање на територијално право во Јужнокинеското Море и новиот закон за национална безбедност кој го опфаќа и автономниот регион со специјален статус Хонгконг, поранешната британска колонија која во 1990-те ѝ беше вратена на Кина,

Во големиот говор во четвртокот, Помпео рече дека Вашингтон и неговите сојузници мора да користат „покреативни и посилни начини“ да ја притиснат Комунистичката партија на Кина да го промени своето постапување, нарекувајќи го тоа „мисија на нашето време“.