Апсења во Радишани поради растурање марихуана

Во скопската населба Радишани синоќа полицијата уапсила двајца мажи под сомневање дека поседуваат и растураат наркотици, соопшти во петокот Министерството за внатрешни работи.

Службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода 32-годишниот С.К. од селото Чучер Сандево и 22-годишниот Б.Р. од Скопје, бидејќи кај С.К. била пронајдена марихуана, додека по издадена судска наредба, во домот на Б.Р. биле пронајдени марихуана и дигитална вага, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.