Трамп „силно незадоволен“ од пренамената на „Аја Софија“ во џамија

Американскиот претседател Доналд Трамп на средбата со архиепископот за Америка на Констинтинополската православна црква, Елпидофор во Белата куќа изразил „силно незадоволство“ од одлуката на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган некогашниот православен соборен храм „Света Софија“ во Истабул по речиси еден век повторно да ја претвори во џамија, пренесува Атинската новинска агенција АМНА.

„По планираната 30-минутна средба која архиепископот Елпидофор ја имаше со потпретседателот на САД, Мајкл Пенс во Вашингтон, Трамп беше известен дека во Белата куќа престојува архиепископот и тој го покани во својот кабинет и разговараше со него петнаесетина минути за сите критични теми“, се вели во извештајот.

„Американскиот претседател изгледаше многу вознемирено и изрази загриженост поради заштитата на човековите права и особено верските слободи на малцинската во Турција. Рече за себе дека е помошник и поддржувач на Вселенсиот патријарх и лично на патријархот Вартоломеј, како и на елинизмот, и истакна дека веднаш ќе пристапи кон неопходните чекори“, се додава во извештајот на атинската агенција.

Потпретседателот Пенс на Twitter напиша дека САД цврсто ќе застанат на страната на грчката православна црква, повикувајќи „Аја Софија“ да остане „достапен извор за инспирација за секој човек од која и да е вера“.

„Благодарен сум за средбите со претседателот Трамп и потпретседателот Пенс во Белата куќа. Го изразив нашето длабоко жалење во врска со промената на соборот Света Софија во џамија, нашата загриженота за безбедноста на Вселенската патријаршија и заштитата на верските слободи“, напиша на својот акаунт на Twitter архиепископот Елпидофор.

„Во текот на средбата, којашто мина во топла атмосфера, архиепископот на Америка ги покрена сите клучни прашања во врска со Вселенската патријаршија, истакнувајќи ја важноста и потребата од отворање Богословско училиште на Халик“, се додава во извештајот на АМНА.

Архиепиското бил придружуван од главнито администратор на американската архиепископија, отецот Александрос Карлуцос, се додава.

Цариградската патријаршија бара дозвола од турските власти да ја возобнови работата на Хелкинската богословска школа на островот Хејбелиада недалеку од Истанбул. Училиштетот беше единствената верска институција која подготвуваше свештеници за Цариградската патријаршија, а бепе затворна во 1971 година, по забраната за работа на приватните образовни институции во Туриција.

На осровот Хјбелијада изминатите два дена престојуваше цариградскиот патријарх Вартоломеј. Во средата и четвртокот одржа дводневен синод на поместната црква, но по советот не беше издадени соопштение. Не е познато каде се наоѓа денеска Вартомолеј, кога во Света Софија првпат по 86 години се изведува намаз во присуство на Ердоган.