(ФОТО) Златев: Еве ги, еден ме напаѓа и ме турка надвор, другите чекаат пред влез да ме тепаат

Новинарот Љупчо Златев на својот Фејсбук профил сподели фотографија од напаѓачите кои физички го нападнале во ресторан во Скопје.

„Поради активност и заплашувања од хотел Мериот, морам да ја објавам сликата од обезбедувачите на Јордан Мијалков.

Еве ги, еден ме напаѓа и ме турка надвор, другите чекаат пред влез да ме тепаат.

На крај, муабет и вадење пиштоли пред гостите кои ме бранат.
Снимени на камера, МВР, мора да реагира!!!

Автокоманда, доаѓам 🙂 со сите детали, за се што сте правеле!„, стои во статусот на Златев на Фејсбук.