Во првиот натпревар од 36-то коло на италијанското фудбалско првенство Милан и Аталанта на „Сан Сиро“ одиграа без победник 1:1.
Домашните поведоа во 14 минута со прекрасниот гол на Хакан Чалханоглу од слободен удар откосо. Аталанта можеше да израмни 12 минути подоцна, но Руслан Малиновски не реализираше пенал. Неговиот удар од белата точка го одбрани Џанлуиџи Донарума.
Сепак, во 34 минута тимот од Бергамо израмни, а погодокот го постигна Колумбиецот Дуван Запата. Милан во 73 минута повторно можеше да поведе, но ударот на Рафаел Леао заврши во рамките на противничкиот гол.
Аталанта со освоениот бод испушти можност да му побегне на Интер на четири бодови предност во борбата за втората позиција. Сега има два бода повеќе, а Интер во саботата гостува кај Џенова на Горан Пандов, на која ѝ се неопходни бодови за да го осугури опстанокот во Серија А.
На табелата води Јувентис со 80 бодови и меч помалку, Аталанта е втора со 75 бодови, а Интер има 73 бодиви. Следат Лацио со 72, Рома со 61 и Милан со 60 бодови.
Во сабота се играат дуелите Бреша – Парма, Џенова – Интер, Наполи – Сасуоло, во недела на програмата се мечевите Болоња – Лече, Рома – Фиорентина, Верона – Лацио, Калјари – Удинезе, СПАЛ – Торино и Јувентус – Сампдорија.