
Стара жена од Скопје која платила две илјади евра е најновата жртва на измамата со јавувањета на лица кои лажно се претставуваат како полициски службеници и на жртвата ѝ се нудат како посредник за да заташкаат наводна сообраќајна несреќа што ја направил член на нивното семејство.
Во петојот во Полициската станица Бит пазар, 85-годишна жена од Скопје пријавила дека на ден претходно била измамена од едно лице. Според пријавеното, околу 11.30 часот на телефон ѝ се јавило лицето кое се претставило дека е командир на полициска станица.
Како што пријавила жената, лицето ѝ кажало дека нејзината ќерка со возило прегазила девојче кое починало и дека ако сака може да ѝ помогне да не оди во затвор, а за возврат требада му даде пари.
Исто така, според пријавеното, оштетената дала вкупно 122.000 денари на лицето кое дошло до нејзината врата, а во 20.00 часот кога се слушнала со нејзината ќерка заклучила дека била измамена. Се работи на расчистување на случајот.