Пендаровски: Секој 26-ти јули се сеќаваме на кобното утро во 1963-та

Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 година кога силниот земјотрес ги однесе животите на повеќе од 1 000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови. Се сеќаваме и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот профил на Фејсбук по повод 57 години од катастрофалниот земјотрес.

„Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на #КОВИД19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме. #СкопјеСеСеќава“, напиша Пендаровски.