
Американската полиција била принудена да користи шок бомби и солзавец против насилните протести во градовите ширум САД, а најмалку еден човек загина во пукање во текот на протестите во Остин во државата Тексас, по што претседателот Доналд Трамп порача дека значително ќе го зголеми бројот на припадниците на сојузните служби за одржување на редот и мирот во градовите кои се силно погодени од насилните и унишувачко протести.
Ноќта кон неделата, околу 22 часот по локално време (5 часот по македонско), припадници на полицијата на Остин биле распоредени на местото каде што се одржувал протестот следејќи го протестот, кога се слушнале истрели. Подоцна на местото бил најден маж со прострелни рани кој бил хоспитализиран, но починал во болницата, соопшти полицијата.
Во саботата вакви инциденти во кои на протестите имаше ранувања од огнено и студени оружје имаше и во Луисвил и Портланд/
Протестите против расизмот и полицската бруталнот, кои ги поттикна смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд во Минеаполис кон крајот на мај, продолжуваат со безредија, масовни грабежи, вандализам и судири со полицијата на кои се приклучија и познати улични банди и групи неолиберални и ултралевичарски активисти, во периодот кога републиканскиот претседател Доналд Трамп се бори за реизбор против кандидатот на демократите Џо Бајден. А едно од главните предизборни пароли на Трамп е „закон и ред“.
Протести проследени со насилства измината ноќ се пријавени во Остин во Тексас, Луисвил во Кентаки, Њујорк, Омаха, Окленд и Лос Анџелес во Калифорнија и Ричмонд во Вирџинија, каде што според американските медиуми интервенирала полицијата со хемиски средства.
Во Сиетл се слушале детонации во некои улици, а демонстрантите ги запалиле приколките спо контејнери на градежна фирма која градела затвор за малолетници. Демонстрантите сечеле гуми на автомобили и ги кршеле прозорците на контејнерите за сместува на работниците. Полицијата се судрила со демонстрантите. Полицијата во Сиетл подоцна во неделата соопшти дека уапсила 45 лица, кои на официјалниот акаунт на полицијата на Twitter се наведени како бунтовници.
„Ги замолуваме граѓаните во мир да дојдат во градот. Бунтовниците немаат никаква почит кон безбедноста на заедницата, кон безбедноста на полицајците или безбедноста на деловните активности и имотите кои ги уништуваат“, изјави шефицата на полицијата во Сиетл, Кармен Бест.
Во Окленд, во Калифорнија, учесниците на протестите предизвикале пожар во зградата на округот Аламида, откако со пиротехнички средства ја нападнале полицијата и кршеле прозорци на околните зданија.
„Поттикнувачи во толпата демонстранти подметнаа пожар во зградата на судот на округот Аламида. Ве молиме избегнувајте ја таа област“, соопштија локалните власти преку социјалните мрежи.
Како што објави полицијата на Окленд, во саботните протести учествувале околу 700 лица, кои „вршеа акти на вандализам“ во централниот дел на градот каде се регистрирани локални инциденти. Се додава дека поради тоа неколјку демонстранти биле приведени.