Најмалку 15 загинати во несреќа на туристички автобус во Виетнам

Најмалку 15 луѓе загинале во несреќа на туристички автобус во Виетнам во неделата утротот, пренесува весникот VnExpress.

Како што соопштија локалните власти на областа Бо-Трач, со автобусот се превезувале 40 патници кои оделе да прослават 30-годишнина од дипломирањето. На самото место загинале девет лица, додека во болниците од повредите починале уште шест патници. Триенаесет повредени лица се отпуштени од болничко лекување, додека четворица се во критична состојба.

Туристичкиот автобус од засега непознати причини излетал од коловозот и се превртел во централната провинција Куанг Бин, движејќи се кон локална туристичка дестинација. Полицијата претпоставува дека возачот ја загубил контролата. Весникот забележува дека несреќата се случила во област со слаб телефонски сигнал, што го отежнало наременото пребарување на теренот и спасувањето на преживеаните.