(ВО ЖИВО) Протестен марш на коалицијата на АА/А поради кршењето на правото на глас

Kоалицијата на партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива во понеделникот вечерта одржува протестен марш во главниот град Скопје во знак на револт поради атмосферата на самиот изборен ден и пребројувањето на гласовите од предвремените парламентарни избори.

Протестот во живо го пренесува ТВ21:

Маршот започна во 19 часот од паркот Чаир во Скопје, потоа ќе треба да помине пред Влада и планирано е да заврши пред канцелариите на делегацијата на Европската унија.