
Сите оние кои од денеска ќе пристигнат во Грција авионски од Бугарија и Романија, задолжително е да имаат потврда на англиски јазик за негативен молекуларен тест за Ковид-19, направен до 72 часа пред патувањето, јави дописничката на МИА од Атина.
Одлуката донесена „врз основа на анализа на епидемиолошките податоци“ е идентична со онаа што се однесува на пристигнувањата по копнен пат преку граничниот премин Промахонас (Кулата), односно и за влез во Грција од Бугарија, задолжителен е негативен тест за коронавирусот.
Министерската одлука објавена во Службен весник е во сила до 4 август 2020 година, а не важи за грчките државјани, за оние кои имаат грчка дозвола за престој и за оние кои патуваат од есенцијални причини.
(MИА)