Oграничена пловидбата на скутери и чамци по езерата од први јули

Од први јули започнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија.

Истата ќе трае до 31 август, а се однесува во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро.

Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.