
Црнооката (Калеш) Анѓа родена Македонка која го цени своето потекло која никогаш не би се откажала од својата вера, потпрена врз својата чест и моминска храброст Анѓа е против потурчувањето, голем грев и е сторен на нашата Анѓа… Калеш Анѓа родум од Старавина, и денеска се раскажува тажната приказна со среќен крај за неа.
Трајко Стојановски од Старавина вели по кажувањето Била многу убава имала брат близнак кој бил грабнат од турците и школован во Цариград кога ја грабнале турците Анѓа и ја извеле пред нејзиниот брат се познале по белегот.
Нејзината куќа и ден денес стои во Старавина и сведочи за времето кога таа живееше. За објектот автентично да остане, но и да го победи забот на времето со прекуграничен проект Новаци, преку ИПА програмата на ЕУ се погиржи куќата да ја реставрира автентично каква што е под лупата на експертите од битолскиот Завод и музеј, по примерот на нашето градителство каде се санира кровната конструкција, меѓукатниот простор и ѕидовите, камено градителство карактеристично за Мариово кое има за цел да биде зачувано за идните генерации.
Зоран Алтипармаковски виш конзерватор од Заводот и музеј Битола вели тука е скоро завршена работата
Овој објект е типичен за селската рурална средина на Мариово има претсобје и други простории за посетители, автентичниот изглед е предуслов при реконструкцијата се мора да биде како што било
Некогаш можеби била со камени плочи покриена но ние во ваква фаза ја затекнавме и така ја реставрираме додава Алтипармаковски.
Ревитализацијата на куќата на Калеш Анѓа е само еден од трите објекти кои треба да бидат готови до крајот на 2014.