Туристичките агенции на протест, бараат финансиска помош од државата

Протестниот марш почна од Дрво декор, а преку Собранието ќе заврши пред Владата.

Над 700 учесници со автобуси ги блокираа скопските улици. Главните пораки до надлежните ќе ги упатат токму од пред Владата.

Целта на овој протест како што велат е да им покажат на надлежните дека постојат и дека имаат потреба од помош во спротивно 5000 работници ќе останат на улица.