Над 4.000 гости се очекуваат во Дубровник за новогодишните празници, пренесе хрватското електронско издание „Бизнис“.
Според директорката на Туристичката заедница во Дубровник, Романа Власиќ, бројот на туристите оваа година ќе биде речиси еднаков со минатогодишниот. Во најголемиот туристички центар во Хрватска ќе работат 15 хотели и се предвидени голем број концерти и прослави.