
Пет млади лица на возраст од 20 до 24 години се повредени во сообраќајка несреќа во која учествувале четири возила, а која се случила во саботата претпладнето околу 8,40 часот на магистралниот пат Кичево-Скопје, пред превојот Стража.
Од МВР информираат дека во несреќата учествувале „рекстон“ сопственост на МВР, управувано од полициски службеник, „фолксваген“ со тетовски регистарски ознаки управуван од Ф.Б.(22) од Тетово, „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки управувана од А.Б.(22) од Тетово и „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки управуван од В.Т.(24) од Гостивар.
-По незгодата со возило на итна медицинска помош возачот на патничко моторно возило „цитроен“ В.Т. со неговите сопатници Ј.Г.(20), В.Г.(23), Г.Т.(20) и Ц.М.(20) сите во Гостивар биле пренесени во Ургентен центар во Гостивар, информират од МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Гостивар.