
Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето.
Поради временските услови вчера потрагата беше привремено прекината.
Во Полициската станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишен малолетник од Ресен