Берлин дозволи постапно отворање на сексуалната индустрија

Градските власти на германската престолнина договорија дека постепено ќе ги попуштаат мерките во индустријата на сексот и покрај епидемијата на коронавирусот, а платените сексуални услуги повторно се на понуда од сабота.

За сексуални односи клинтите, сепак, ќе мора да почекаат до 1-ви септември, по што таквите услуги ќе бидат дозволени само со запазување на стригите хигиенски правила, соопштија здравствените власти на Берлин во вторникот по одлуката на пратениците во регионалниот парламент на оваа германска сојузна покраина.

Сега во првата фаза од отворањето ќе бидат отворени местата како што се студијата за сексуална доминација.

Одлуката на берлинските регионални власти за повторното отворање на сексуалната индустрија потекнува „од перспектива на здравјето, но и од женска перспектива“, се наведува во соопштението. Во спротивно, „постои ризик лицата погодени со забраната да станат економски зависни од други и потајно да ја работат својата дејност во услови опасни за нивното здравје“, се додава.

Сексуалната индустрија беше забранета во Германија од средината на март во рамките на настојувањето да се сузбие епидемијата на коронавирусот. По ваквите мерки на почетокот од кризата за да се усогласи национален одговор за сузбивање на заразата, изминатиет месеци 16-те германски сојузни држави самите носат одлуки за ограничувањето во ведени против коронавирусот.