ВИДЕО: Русин со секира нападнал татко и дете

Во близина на еден парк во Санкт Петербург во Русија маж нападнал татко и син со секира откако претходно двајцата возачи се расправале.

До кавгата дошло кога едниот возач му приговорил на другиот кој нагло закочил и за малку ќе предизвикал судар.

Бесните возачи не можат да го контролираат својот гнев, па често вербалниот судир преоѓа во физички на патиштата, но овој инцидент добива сосема друга димензија со оглед на тоа дека еден од возачите со секира удира во автомобил во кој на задното седиште седи дете.

Разбеснетиот Русин ништо не можело да го сопре, додека таткото на детето успеал некако да побегне од местото на настанот.

Полицијата покренала истрага за напаѓачот.