Бајден нема да патува во Милвоки, номинацијата ќе ја прифати виртуелно

Поранешниот американски потпретседател Џо Бајден поради епидемијата на коронавирусот нема да патува во сојузната држава Милвоки, каде што ќе е одржи конвенцијата на Демократката партија на која е планирано да ја прифати номинацијата за пртседателските избори на 3-ти номеври, соопштија партисјки фунцкионери во средата додавајќи дека конвенцијата веројатно ќе се одржи виртуелно.

Бајден не излегува од својата куќа во Вилмингтон по наглото прекинување на кампањата во средината на март поради коронавирусот.

Одлуката Бајден да не патува во Милвоки, каде што демократите планираа да одржат повеќедневна конвенција на која тој би ја прифатил претседателската номинација, веројатно ќе значи дека настанот закажан за 17-ти до 20-ти август ќе биде целосно одржан виртуелно.

Бајден ќе ја прифати номинацијата и ќе го одржи говорот од својот дом во сојузната држава Делавер, објави Демократската партија. Демократскиот национален комитет (DNC) објави дека одлуката е донесена за да се заштитат жителите на Милвоки и голем број луѓе неопходни за организирање на конвенцијата.

„Од самиот почеток на пандемијата ги стававме здравјето и безбедноста на Американците на прво мест“, порача во писмена изјава претседателот на DNC, Тон Перез.

Претходно во средата републиканскиот претедател Доналд Трамп рече дека веројатно ќе одржи говор од Белата куќа по повод прифаќањето на претседателската номинација на неговата Републиканска партија, чија конвенција ќе се одржи во Шарлот, во Северна Каролина.