
Бројот на случаите на инфекција со новиот коронавирус во Италија во последните 24 часа се зголеми за 384 лица, соопшти во средата министерството за здравство на редовниот брифинг.
Ова е речиси максимален показател на дневен раст на заразените од 5-ти јуни, кога на 30-ти јули бројот на новозаразените во едно деноноќие се зголеми за 386 лица.
Последните 24 часа починале 10 пациенти со потврдена зараза со коронавирусот, со што вкупниот број починати од почетокот на епидемијата во Италија кон крајот на февруари достигна 35.181 лице.
Во болниците во моментов се згрижени 764 пациенти со Covid-19, од кои 41 се на одделите за интензивна нега. Од вкупно 248.803 заразени до денеска излекувани се 200.976 лица.