Зборовите на Заев не се искрени, туку напротив, ова е лицемерен став. Тој изминатите години остави печат на сите тужби и обвиненија врз новинари, вршеше прогон и етикетирање на медиуми и поминуваше несанкционирано физичко насилство врз новинари, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Јавноста се уште памети како јавно прогласи медиуми за политички непријатели, како новинари беа вербално напаѓани на прес конференции од страна на негови поддржувачи, како нарекуваше со погрдни зборови новинари и ред други притисоци кои ги вршеше врз медиумите и новинарите.
И од Зоран Заев да е, премногу е. Ваквите испади кои не се ретки и кои во континуитет се провлекуваат низ годините, го покажуваат неговиот личен, но и политички карактер и мора да бидат осудени принципиелно од сите чинители“.