
Поддржувачите на Исламската држава на Ирак и Левант на друштвената мрежа Твитер порачале дека било каков воздушен напад на САД на припадниците на таа група за последица ќе имаат напад на Америка.
На твитер во налогот наречен „Лига на поддржувачи“, кој има околу 21.000 поддржувачи, во петокот бил упатен повик на симаптизерите на ИСИЛ да поставуваат пораки со предупредувања за САД, пренесе Ројтерс.
„Оваа кампања претставува пораки на Сунитите ширум светот испратени на американскиот народ (Тоа е ) предупредување на секој Американец во случај на американски напад на Ирак“ стои во пораката.
Меѓу стотините одговори на поддршка, еден корисник напишал: „Како што нашиот маченик шеикот Осама бин Ладен рече, не треба никого да консултирате за убиството на Амеркианец.“.
Иако недостасува официјално присуство на друштвените мрежи, ИСИЛ има широка мрежа на онлајн поддржувачи.