
Националниот кризен штаб на Хрватска објави нови податоци за заболените од коронавирус.
Во изминатите 24 часа забележан е 61 нов случај на зараза од вирусот САРС-КоВ-2, а вкупно во земјата бројот на активни случаи заклучно се денес изнесува 586.
Меѓу нив има 121 пациент на болничко лекување, од кои на рестпиратор се 8 пациенти. Нема починати.
Од 25 февруари 2020 година кога е забележан првиот случај на зараза во Хрватска, до денеска вкупно се забележани 5.604 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 157 починале, а 4.861 се опоравиле.
Во самоизолација моментално се 2008 лица. До денеска вкупно се тестирани 128.132 лица, од кои 727 во послените 24 часа.