
Европската комесарка за здравје Стела Кирјакидес смета дека вакцината против новиот сој коронаворус би можела да биде достапна до крајот на годината.
„Иако во овој момент е ризично да се предвидува, имаме некои добри показатели дека иницијалната вакцина би била достапна до крајот на оваа или почетокот на следната година“, вели Кирјакидес во разговорот за електронското издание на весникот Handelsblatt.
Вакцината не би ги решила сите проблеми наеднаш, смета еврокомесарката за здравство, но би овозможила постепено враќање во нормалата, под услов да се вакцинира „критична маса граѓани, особено оние од ризичните групи“.
Научниците не знаат кога вакцината би можела да биде достапна, бидејќи нејзиното развивање може да трае најмалку 18 месеци па и повеќе години или, пак, теоретски би можело да се покаже дека е невозможна.
Кирјакидес предупредува и на сѐ поголемиот број помали и поголеми жаришта од коронавирусот во неколку земји членки на Европската унија. Ги повика владите „изворите на заразата брзо локално да ги изолираат со терстирања, пронаоѓање на контактите и моментално изолирање“ на заразените.