Поради софтверско усогласување меѓу Министерството за земјоделство и Управата за јавни приходи, пререгистрацијата на земјоделците наместо од 1 јуни годинава, ќе стартува 1 јануари следната година.
Собранието денска ги изгласа измените на законите за пензиското и инвалидското осигурување, за придонеси од задолжително социјално осигурување и за здравственото осигурување поднесени од пратениците Илија Димовски, Талат Џафери, Драган Цуклев и Ромео Тренов, со кои се предвидува одложувањето на регистрацијата.