
Во Париз од понеделникот утрото на сила стапи одлуката за задолжителното носење заштитни маси на бреговите на реките и каналите, како и на некои фреквентни улици.
Париз само е во уште еден во низата француски градови кои воведоа задолжително носење маските во некои подрачја на отворени. Маските се задолжетелни во целата земја во повеќето затворени простори кои се отворени за јавноста.
Франција повторно се соочува со раст на бројот на заразените. Во петокот беа пријавени дури 2.288 нови случаи на зараза во 24 часа. На врвот од епидемијата во земјата имаше и над 7.000 заразени на дневно ниво. Во Франција од Covid-19 досега починале 30.324 лица.
Одлуката за воведување задолжително носење маски на отворени простори ги подели експертите. Некои сметаат дека тоа ќе спречи епидемијата повторно да се разгори, додека други истакнуваат дека повеќето зарази се случуваат во затворените простори.